Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса руши клупски рекорд за Кутињо, Бејл на излезна врата, Мурињо го сака бекот на Тотенхем

Трансфери во живо: Барса руши клупски рекорд за Кутињо, Бејл на излезна врата, Мурињо го сака бекот на Тотенхем

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо го сака левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз. „Дејли Мејл“ тврди дека играчот на „спарси“ е главна мета на „Специјалниот“ и наскоро ќе испрати официјална понуда.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


-Шпанските медиуми пренесуваат дека Арда Туран би можел да ја напушти Барселона и да се врати во Атлетико Мадрид (ОВДЕ).

-Стоук ќе се засили со холандскиот дефанзивец Бруно Мартин Инди, откако Порто ја прифати понудата тешка 8 милиони евра.

-Се погласни се шпекулациите дека Герет Бејл би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид, а натпреварот во Скопје може да биде последен за Велшанецот во „кралскиот“ дрес (ОВДЕ).

– „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е спремна да го сруши клупскиот рекорд за ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо (ОВДЕ).

– Бразилецот Далберт денес ги обавува лекарските прегледи и до крајот на денот би требало и официјално да стане играч на Интер. „Нероаѕурите“ за неговиот потпис на Ница и платија 20 милиони евра.

– Играчот на Јувентус Томас Ринкон е пред трансфер во градскиот ривал Торино. „Биковите“ понудија 2 милиони евра за позајмица плус 7 милиони евра за откуп следното лето, а „старата дама“ ја прифати понудата.

– Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска. Главна мета е Блас Матуиди од ПСЖ, а како алтернатива се споменуваат Ковачиќ од Реал Мадрид, Емре Чан од Ливерпул и Андре Гомеш од Барселона.

– Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот за врска на Барселона, Андре Гомеш, па медиумите не ја исклучуваат можноста Португалецот да биде вклчучен во трансферот на Кутињо.

– Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го официјализираше трансферот во португалскиот гигант, Спортинг од Лисабон (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми тврдат дека Милан во наредните денови би требало да го комплетира трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина за сума од 25 милиони евра.

– Милан не го пријави Карлос Бака за натпреварот против Шкендија, а италијанските медиуми тврдат дека Колумбиецот е пред трансфер во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…