Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.
-Шпанските и англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е на добар пат да го договори трансферот на дефанзивецот на Реал Мадрид, Данило за 25 милиони евра (ОВДЕ).
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
– Интер конечно се активира на трансфер пазарот. Медиумите во Италија тврдат дека е постигнат договор со Лацио за трансфер на крилниот напаѓач Кеита Балде за 22 милиони евра. Кеита треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ како замена за Иван Перишиќ кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.
– Јувентус ја започна потрагата по замена за Бонучи. Прва мета е дефанзивецот на Рома, Костас Манолас за кого „старата дама“ е спремна за понуди 35 милиони евра. Манолас беше на чекор од Зенит, но сега откако Рудигер го напушти „Олимпико“, Рома се противи на неговата продажба.
– Извршниот директор на Баерн Минхен, Карс Хајнц Румениге потврди дека Милан е заинтересиран за Ренато Санчез и дека двата клуба се во преговори, но сеуште немаат постигнато договор (ОВДЕ).
-Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Истанбул и денес би требало да го комплетира трансферот во Фенербахче (ОВДЕ).
-„Газета дело Спорт“ пренесува дека врв на преодниот рок на Милан ќе биде трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид. Напаѓачот веќе кажал ДА, а „росонерите“ му нудат договор од соништата (ОВДЕ).
–Лукас Леива пристигна на лекарски прегледи во Рим и денес треба да стави потпис на договорот со Лацио. Бразилецот ќе биде замена за Лукас Билја, кој трансферираше во Милан.
-Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја победил Рома во трката за талентираниот аргентински дефанивец Хуан Фојт. „Спарси“ на Расинг за неговиот потпис ќе му платат околку 9 милиони евра.
-Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека „кралевите“ ја одбиле понудата од Тотенхем тешка 25 милиони евра за Матео Ковачиќ. Зидан сака да го задржи хрватскиот репрезентативец.
– Еминентниот „ЕСПН“ тврди дека Интер и Манчестер Јунајтед се блиску до постигнување договор за трансфер на Иван Перишиќ. Трансферот би требало да биде комплетиран во следните денови, а ќе изнесува помеѓу 45 и 50 милиони евра. (ОВДЕ)
– Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на Федерико Бернардески од Фиорентина. „Старата дама“ за неговиот потпис ќе плати 40 милиони евра плус бонуси, а играчот ќе потпише договор до 2022 година и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
– Челзи има седум дена да го комплетира трансферот на Обамејанг за кого е спремен да понуди 75 милиони евра. За играчот интерес покажува и Милан, кој се чини дека во последните денови се сврте кон Мората и Белоти.
– Евертон за слободата на Рос Баркли бара неверијатни 50 милиони фунти. За играчот силен интерес покажуваат Манчестер Сити и Тотенхем, но не се спремни да платат толкава сума за англискиот репрезентативец.
– Каталонски „Спорт“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Нејмар сериозно размислува да ја напушти Барселона (ОВДЕ).
– Барселона испрати понуда до Пари Сент Жермен за Верати, па сега се чека одговор од „светците“ (ОВДЕ).
– Антонио Конте пронајде одлично засиливање во Мадрид и започна преговори со ѕвездата на Атлетико, Јаник Караско (ОВДЕ)
– Челзи сериозно тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити, Кун Агуеро, а англиските медиуми тврдат дека Гвардиола нема ништо против да го пушти напаѓачот во големиот ривал.
BREAKING: @ChelseaFC have a “serious and strong interest” in signing@ManCity City striker Sergio Aguero, Sky sources understand #SSNHQ pic.twitter.com/3zisl4TUR6
— Sky Sports News HQ (@SkySportsNewsHQ) July 17, 2017
– Јувентус започна преговори со Валенсија за трансфер на десниот бек Жоао Кансело. Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ за Португалецот ќе треба да платат помеѓу 20 и 25 милиони евра.
– „Скај Италија“ пренесува дека Милан и Јувентус постигнале договор за трансфер на Матија де Шиљо и дека само детали недостасуваат за реализација на трансферот за кого „старата дама“ ќе плати 12 милиони евра.
– Медиумите во Италија пренесуваат дека Белоти побарал од раководството на Торино да биде продаден ова лето. Милан и Челзи покажуваат најсериозен интерес и се спремни да понудат помеѓу 60 и 70 милиони евра.
– Италијанските гиганти Јувентус и Интер се заинтересирани за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос, но шансите Германецот да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ ова лето се многу мали.