Дома Македонски спорт Мак ракомет Традиција долга половина век: Најавено 50-то издание на Меѓународниот турнир во Струга

Традиција долга половина век: Најавено 50-то издание на Меѓународниот турнир во Струга

Денес беше промовирано јубилејното 50-то издание на струшкиот ракометен турнир. На прес-конференцијата присуствуваа претседателот на АМС, Наумче Мојсовски, првиот човек на клубот, Кире Јовановски и генералниот секретар Филип Милошевски. Тие се во улога на организатори на турнирот.

Традицијата на турнирот е навистина голема и не е мала работа во било кој спорт да се задржи традиција половина век.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ретко кој од спортски аспект може да се пофали со традиција од 50 години. И во најтешките денови ние успеавме да ја одржиме традицијата. Ќе се игра на отвореното игралиште покрај Женска плажа од 16-ти до 20-ти август. На турнирот ќе има осум екипи, поделени во две групи и мислам дека ова може да биде еден од посилните турнири во последните години. Сите екипи се освојувачи на титули, како на домашната, така и на меѓународната сцена“; изјави Јовановски.

За значењето на турнирот зборуваше Наумче Мојсовски.

„Многу од нас токму на турнирот во Струга ги направиле првите чекори. Чест и одговорност е да се биде дел од организацијата на ваков турнир, еден од најстарите во Европа. Се надевам дека следното лето турнирот ќе биде под покровителство на претседателот на државата како и други спортски настани. Очекуваме одличен ракомет и сакаме фер и коректна борба“, порача Мојсовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…