Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вели – Меси и ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампионите?

Традицијата вели – Меси и ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампионите?

Првата титула во Лигата на шампионите Лионел Меси ја освои во сезоната 2005/2006 година како играч на Барселона. Аргентинецот тогаш беше млад и немаше преголем удел во освојувањето на европската круна.

Таа сезона Меси го носеше дресот со број 30 со кој игра сега во ПСЖ. Финалето во кое Барселона победи со 2:1 против Арсенал се играше на „Стад де Франс“ во Париз.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


После одлуката на УЕФА да го одземе домаќинството на Санкт Петербург се одлучи и оваа година Париз да биде домаќин. Оние кои веруваат во традиција сметаат дека сезонава може да се повтори историјата и Меси со ПСЖ да застане на тронот на Европа.

ПСЖ во осминафиналето од ЛШ има предност од 1:0 после првиот натпревар и го чекаат реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Некогаш беше ѕвезда на Реал, а сега на 29 години ќе го има последниот обид да ја спаси кариерата

Деле Али (29) се подготвува за скоро враќање во професионалниот фудбал. Поранешната ѕвезда…