Дома Фудбал Останато Трагедија се случила за време на „Суперкласико“: 12-годишно момче починало сакајќи да го прослави поништениот гол

Трагедија се случила за време на „Суперкласико“: 12-годишно момче починало сакајќи да го прослави поништениот гол

Во Аргентина викендов се играше големото „Суперкласико“ кое на крајот заврши со победа на Ривер (0:1) кој играше како гостин. Но, денеска аргентинските медиуми пишуваат и дека за време на натпреварот се случила трагедија.

Според информациите, 12-годишно момче го загубило својот живот во моментите кога Бока го постигнала голот во завршницата кој беше поништен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Момчето сакајќи да го прослави голот на својот тим се качило на покривот на својата куќа, а таму за жал го удрил струја по што починало пред да пристигне брзата помош.

Овој гол на Бока беше поништен по реакција на ВАР неколку минути по постигнувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој е еден од најголемите „симулатори“ во македонскиот фудбал? Ако влегува во шеснаесетникот – влегувај со него!

Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што најмногу зборуваше за ВАР сис…