Нецели две недели по авионската несреќа во која загина речиси целиот тим на фудбалскиот клуб Шапикоенсе, нова трагедија го потресе спортскиот свет.
Десет млади руски гимнастичари од Нефтејуганск ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи во западен Сибир.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Несреќата се случила на автопатот помеѓу градовите Тумен и Ханти Мансиск кога по силниот ветер и снег дошло до судар помеѓу автобусот кој ги превезувал младите гимнастичари и камион. Во сударот учествувале и два автомобила.
Сите загинати гимнастичари биле на возраст помеѓу 12 и 14 години.
Според руските медиуми полицијата веднаш го уапсила организаторот на патувањето.