Ирфан Мешиќ, фудбалер од Босна и Херцеговина, почина на натпреварот од 18. коло од Втората лига на Тузланскиот кантон Запад.
Турија играше против Стјепан Поље, а натпреварот заврши 1:1. Мешиќ доживеал срцев удар на теренот и набрзо починал, пренесуваат медимуте.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Станува збор за фудбалер кој го носел дресот на повеќе нисколигаши во Босна и Херцеговина, а пред еден месец стана фудбалер на Турија по една епизода во Рудар.
Од клубот се одлучија дури и да го згаснат клубот во чест на младиот фудбалер.
„Уништени од болката и тешкиот избор на судбината, ве известуваме дека ФК Туриа автоматски престанува да работи. Секогаш ја оставаше потта и срцето на теренот, за малку и ќе го оставеше таму, борбата ја загуби еден час подоцна во болница… И таму се бореше како што знаевте, лавовски.“, изјави ФК Турија.