Талентираниот Енур Тотре стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Шкендија до 2021 година.
22-годишниот Тотре е играч кој потекнува од школата на „црвено-црните“, а со новиот договор ќе остане во Тетово најмалку до до јуни 2021 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Шкендија. Јас сум во клубот во кој израснав и кој ми даде шанса да станам дел од првиот тим. Ова е прекрасен ден за мене, среќен сум што преговорите завршија, останува да се насочам кон успеси”, изјави Тотре.
Тотре првиот тим настапува од сезоната 2014/15, и веќе има 107 настапи за Шкендија.