Дома Фудбал Италија Тоти нема да игра фудбал, но останува во Рома

Тоти нема да игра фудбал, но останува во Рома

Фудбалерот направи состанок со претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Најдобриот фудбалер во историјата на Рома, Франческо Тоти одлучи да ја заврши кариерата и да ја превземе функцијата директор на римскиот клуб. Тоти направил состанок со претседателот на Рома и одлучил да престане со активно играње фудбал во 40. година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ништо не потпишав, се уште не сум директор на Рома. Меѓутоа, наскоро ќе бидам тука“, изјави Тоти за „Premium Sport“.

Тоти играше дури 25 сезони за Рома, постави бројни рекорди, по бројот на натпревари (786) и голови (307), а освои едно Скудето и по два Супер Купови и Купот на Италија. И покрај малиот број на трофеи никогаш не сакал да ја напушти Рома, иако имаше многу повици за богатите и најдобрите клубови во Европа, како Реал Мадрид, Милан, Челзи…

По истекот на договорот на крајот на сезоната размислуваше да ја продолжи кариерата во САД или Јапонија, но остана верен на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…