Иконата на Рома, Франческо Тоти и еден од најголемите фудбалери во модерниот фудбал на денешната Меѓународна сопстска конференција во Дубаи зборуваше за актуелната ситуација во фудбалот.
„За мене секогаш фудбалот беше поважен од парите. Секогаш бев таков“, изјави Италијанецот кој ќе остане запаметан кон лојалноста кон Рома која никогаш не ја напушти иако едни од најголемите клубови беа спремни да го доведат и да платат огромни суми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалски репрезентативец истакан дека фудбалот некогаш бил многу поедноставно поради непостоењето на астрономските суми како што е случај денес.
„Денешниот и поранешниот фудбал? Промените се огромни. Сега повеќе размислуваме за бизнис. Во минатото предност добиваа други вредности. Денешната ситуација е излезена од контрола. Последен пример беше Нејмар. Навистина е лудост да потрошите 250 милиони евра на само еден фудбалер. Денешните цени не се реални…“, изјави Тоти.