Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Даглас Коста е примарна трансфер цел на Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.
Бразилскиот репрезентативец во неколку наврати истакна дека не е задоволен со својот статус во Минхен, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тотенхем сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Даглас Коста во својот тим, а тренерот Покетино смета дека Бразилецот е играч кој може да прави разлика во Премиер лигата.
Англиските медиуми пренесуваат дека „спарси“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра, но треба да се изборат со конкуренцијата бидејќи за Бразилецот силен интерес покажува и Јувентус.