Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи продолжува да работи на летните засилувања, а следна цел е Лоренцо Инсиње.
Капитенот на Наполи влезе во последната година од договорот и не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да испрати понуда од 25 милиони евра за крилниот напаѓач.
Наполи е спремен да слушне понуди за Инсиње, бидејќи не сака да го загуби играчот без обештетување следното лето.
Интерес за 30-годишниот Италијанец покажуваат неколку клубови ширум Европа, но се верува дека Тотенхем е во пол-позиција за неговиот потпис.
Паратичи веќе имал разговор со Инсиње и неговиот агент и добил зелено светло за трансферот.