Дома Трансфер зона Тотенхем плаќа 40 милиони евра за 18-годишен дефанзивец?

Тотенхем плаќа 40 милиони евра за 18-годишен дефанзивец?

Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Тотенхем е на чекор од реализација на трансферот на 18-годишниот фудбалер Арчиеј Грај кој го носи дресот на Лидс Јунајтед.

Најавите се дека Лидс ќе плати уштета од 40 милиони евра. Младиот Грај би требало да потпиша дологодишен договор со клубот од Лондон кој ќе биде негов втор во кариерата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Зад себе има една сениорска сезона во која во Чемпионшип одигра 52 натпревари и постигна еден гол. Лидс на крајот стигна до финалето од плеј-офот за влез во Премиер лигата, но таму беше поразен од Саутемптон.

Изминатата сезона стана и младински репрезентативец на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…