Раководството на Тотенхем покажува сериозен интерес за играчот за врска на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, пренесуваат англиските медиуми.
Наредната сезона „Спарси“ сигурно ќе се натпреваруваат на четири фронта, па тренерот Покетино сака да го засили средниот ред. Тој во Бруно Фернандес гледа идеално засилување, па „спарси“ веќе ги направија првите контакти со клубот од Лисабон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „А Бола“, португалскиот клуб му ја соопштил цената на Тотенхем, а таа изнесува 87 милиони фунти (100 милиони евра).
Бруно оваа сезона брилјира во дресот на Спортинг и на 45 натпревари до сега постигна 16 гола, притоа запиша 16 асистенции.
Бруно има искуство и во Серија А каде настапуваше за Новара, Удинезе и Сампдорија, од каде минатото лето се пресели во Спортинг Лисабон.
Tottenham want Sporting Lisbon midfielder Bruno Fernandes but would have to pay £87m to sign the Portugal international. (Source: Abola) pic.twitter.com/QuswRWPmAE
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 29, 2018