Дома Фудбал Италија Тотална конфузија: Милан го враќа Монтела?

Тотална конфузија: Милан го враќа Монтела?

Италијанските медиуми денес пренесоа „шокантна“ информација и тврдат дека Џенаро Гатузо може да добие отказ после само четири натпревари, а на кормилото на Милан повторно да биде вратен Монтела.

Милан вчера загуби на домашен терен од Аталанта, а следниот натпревар „росонерите“ ќе го играат против Интер во четвртфиналето од Купот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Медиумите во Италија тврдат дека тој натпревар може да биде последен на клупата за Џенаро Гатузо, иако легендата неодамна беше поставен за прв тренер.

Изненадувањето е дека раководството на Милан навистина размислува за враќање на Винченцо Монтела на клупата, поради недостаток од други опции.

Монтела е се уште под договор со „росонерите“, но доколку раководството навистина одлучи да го врати на кормилото, тоа само ќе биде доказ дека клубот е во тотална конфузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преставена топката за Мундијалот 2026: Ќе има технологија која ќе им помага на судиите

„Адидас“ ја претстави официјалната топка која ќе биде користена на Светското првенство во …