Дома Фудбал Лига на шампиони Торино го слави Дибала, Тотенхем, Сити и ПСЖ поделија „петарди“ (ВИДЕО)

Торино го слави Дибала, Тотенхем, Сити и ПСЖ поделија „петарди“ (ВИДЕО)

На стадионите ширум Европа вечерва беа одиграни натпревари од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Јувентус во Торино успеа потешк од очекувањата да слави против Локомотив Москва со 2:1. Локомотив Москва имаше предност се до 77-тата минута, а тогаш два гола за Јувентус постигна Паоло Дибала за пресврт и победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во групата А не видовме изненадување, ПСЖ славеше како гостин над Клуб Бриж со 0:5, додека Реал со 0:1 беше подобар од Галатасарај.

После ремито во Шахтјор Манчестер Сити ја пречека Аталанта и стигна до убедлива победа од 5:1. Гостите од Бергамо до водство стигнаа во 28-та минута од пенал. Сити сепак брзо се врати и во период од четири минути направи пресврт. Агуеро беше двоен стрелец, еден гол постигна од белата точка.

Лоша вест за Сити е повредата на Родри кој излезе во 41-т минута. Стерлинг во 58-та минута го обезбеди триумфот на Сити, а истиот играч ги постигна четвртиот и петиот гол за убедлива победа.

Баерн со 2:3 славеше против Олимпијакос, Реал со голот на Крос однесе минимална победа против Галатасарај, додека Тотенхем со 5:0 ја потопи Звезда во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…