Дома Фудбал Останато Тони Крос: Го критикував Озил и веднаш станав нацист

Тони Крос: Го критикував Озил и веднаш станав нацист

Германскиот репрезентативец Тони Крос изјави дека тој исто така бил жртва на некоја форма на расизам и навреди на социјалните мрежи.

Тоа се случило после Мундијалот во Русија откако Крос го критикуваше начинот на кој Месут Озил ја напушти германската репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„По Светското првенство во 2018-та година реков дека не ми се допаѓа тоа што Месут си замина од репрезентацијата, како ни начинот на кој тоа го направи. Веднаш ме нарекоа нацист. Руса коса, сини очи, само тоа им беше доволно на луѓето на интернет да ме наречат расист“, изјави Крос.

„Се изборив, но не беше лесно. Денес било кој може да се сокрие зад лажен профил и да навредува други луѓе. Тоа не е добро и мораме да работиме на тоа луѓето да сносат одговорност за тоа што го кажуваат“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…