Во дербито на вечерта вчера Милан беше поразен од Челзи на „Сан Сиро“, а најмногу што се коментира после овој натпревар е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.
Натпреварот комплетно се промени од таа 18. минута кога Германецот покажа на белата точка и го исклучи Томори. По натпреварот на ваквата одлука се жалеше играчот за врска на Милан Сандро Тонали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во еден натпревар има многу такви дуели. Кога ќе дадете пенал после таков контакт за 18 минути…Како да игравме кошарка, секој допир беше фаул. Таков впечаток добив, имавме неколку жолти картони за смешни прекршоци само во првото полувреме“, коментираше Тонали.
Токму во моментите додека тој се жалеше на другата страна Жоржињо му „факаше сеир“ и му се смееше.
Tonali complaining about the referee with Jorginho listening and laughing 🤣🤣🤣pic.twitter.com/A1cJEkaCYL
— J5 (@ChelseaJF5) October 11, 2022