Дома Трансфер зона Толку од Италија, Реина се враќа во Англија?

Толку од Италија, Реина се враќа во Англија?

Шпанскиот голман, Пепе Реина, ова лето би можел да замине од Неапол.

Реина има уште една година од договорот со Наполи, а со оглед на тоа дека веќе има 34 години, клубот тешко дека ќе му понуди нов договор.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Сепак, Реина не би требало да има проблем во пронаоѓањето нов клуб, тој би требало да се врати во Премиер лигата. Наводно, интерес за него покажал старо-новиот член на Премиер лигата, Њукасл.

Секако, главен иницијатор за овој трансфер е Шпанецот, Рафа Бенитез, кој со Реина одлично соработуваше кога двајцата беа членови на Ливерпул.

Токму со Бенитез во Ливерпул, Реина ги поминуваше најдобрите денови од кариерата, во периодот од 2005 до 2013 година. Тогаш премина во Наполи на позајмица, една сезоната настапуваше и за Баерн Минхен, по што се врати во Наполи.

Тој оваа сезона во Серија А пропушти само еден натпревар, а прими вкупно 28 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…