
Работнички по ремито без голови против Гостивар утре ќе и гостува на Шкендија во Тетово.
Играчот за врска Димитар Тодоровски верува дека Работнички има квалитет да освои бодови од ова тешко гостување.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Првенството влезе во забрзан ритам во пресрет на крајот на оваа полусезона. Следно искушение е Шкендија, квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен во Тетово, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со нив на претходните дуели оваа сезона. Со максимално залагање и сериозен пристап, верувам дека можеме да ја исполниме целта и да освоиме бодови во Тетово“, вели Тодоровски