На фудбалерите на Бразил засега одлично им оди на Светското првенство во Катар. Без поголеми проблеми се пласираа во четвртфиналето, делуваат моќно, но допрва треба да ги видиме против силни селекции, за кои вообичаено немаа решенија на претходните четири Светски првенства.
Луѓето во Бразил ја признаваат само светската титула како успех, предолго чекаат на неа и тоа е можеби е притисок за тимот предводен од Тите од клупата и Нејмар на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќето стручњаци се согласуваат дека тимот на Тите има многу талент и умешност, но и дека се уште не наиде на некој силен противник во Катар.
Бразил на последните четири Светски првенства беше елиминиран по поразите од европски гиганти – Франција (2006), Холандија (2010), Германија (2014) и Белгија (2018).
Сега во четвртфиналето ги очекува натпревар против актуелниот вицешампион, Хрватска.
„Не можам да преземам одговорност за 20 години. Јас сум на чело во последните четири години. Имаме добра историја и тоа ни врши голем притисок.
Ние сме земја која страсно го сака фудбалот. Да, има притисок, но сонот е дел од животот на сите. Нема да престанеме да сонуваме дури и да не го освоиме Светското првенство“, изјави Тите.