Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Холанд е вистинска сензација оваа сезона во Лигата на шампиони и синоќа влезе во одбрано друштво.
Норвежанецот го повтори рекордот на Марко ван Бастен, Диего Симеоне и Дидие Дрогба и стана четвртиот фудбалер кој на првите два меча во кариерата, во Лигата на шампионите, постигнал четири гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанд постигна еден гол синоќа на Енфилд против Ливерпул и „хет-трик“ против Генк во претходното коло од ЛШ.
Притоа тој стана најмладиот играч кој постигнал хет-трик на дебито во Лигата на шампионите. Холанд не блесна само на европска сцена. Во првенството на Норвешка веќе постигна 11 голови на седум настапи.
Дека може да има блескава кариера Холанд најави претходно оваа година кога на Светското првенство за репрезентации до 20 години постави голем рекорд.
Синот на норвешката легенда Алф-Инг Холанд кој го носеше дресот на Лидс и Манчестер Сити постигна вкупно девет голови на еден натпревар.
„Татко ми постојано ми велеше дека давал голови на„ Енфилд “. Сега му одговарам – и јас“, рече Холанд.