Дома Македонски спорт Тим на годината во Лигата на шампионите: Номинирани петмина ракометари на Вардар и Раул за тренер!

Тим на годината во Лигата на шампионите: Номинирани петмина ракометари на Вардар и Раул за тренер!

Посетителите на страната на ЕХФ ќе имаат прилика да го изберат тимот на сезоната во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Помеѓу кандидатите за најдобриот се најдоа дури петмина играчи на актуелниот европски шампион, Вардар, а помеѓу кандидатите за идеален тренер е и стратегот на македонскиот претставник, Раул Гонзалес.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според заслугите и настапите оваа сезона во Европа, ЕХФ номинираше играчи 16 клубови.

Претставници на Вардар освен Раул како тренер се уште и ракометарите: Штребик (голман), Дибиров (лево крило), Борозан (лев бек), Циндриќ (среден бек), Абутовиќ (дефанзивец).

Покрај номинираните ракометари на Вардар има и еден претставник од тимот на Металург. Халил Јагањац е во конкуренција за најдобар млад ракометар.

Најдобрите ќе бидат соопштени на Фајнл Форот, а својот глас можете да го дадете ТУКА.

Гласањето ќе започне на 22 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …