Дома Македонски спорт Тимот од Токио имаше забелешки на судењето и порача: Најголемиот успех во независна Македонија, се гледаме на плоштад!

Тимот од Токио имаше забелешки на судењето и порача: Најголемиот успех во независна Македонија, се гледаме на плоштад!

Дејан Георгиевски денес стигна до финалето на олимпискиот турнир во таеквондо во Токио, а таму беше поразен од најдобриот во оваа категорија Владислав Ларин.

Нема за што да жалиме ова е најголемиот успех во независна Македонија, истото го порача и тренерот на Георгиевски Дарко Костовски. Сепак, Костовски имаше замерки на судењето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации !!!А тебе докторе, тебе брат за Борче Костовски тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад НЕ МОЖЕ со збор да се опише, тоа е за филм ! Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски ТЕСНО ФИНАЛЕ, НЕ ДОСУДЕН ЧИСТ УДАР ВО ГЛАВА, ЧИСТ НО ТОА Е СПОРТОТ, ЗНАЕ ДА Е СУРОВ.УХХХ СРЕБРО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ФУЛКОНТАКТЕН БОРЕЧКИ СПОРТ, ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО, СОН СО КОЈ ЈАС И БРСТМИ ЖИВЕЕВМЕ ОД КАКО ПОСТОИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈСЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛОШТАД, СЕ ГЛЕДАМЕ ГОРДИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА ПЛОШТАД !!!ЗА МАКЕДОНИЈА“, порача Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…