Дома Фудбал Германија Тимот на Елмас одработи маестрален преоден рок: Заработи 150 милиони евра, а задржа некои од највредните фудбалери

Тимот на Елмас одработи маестрален преоден рок: Заработи 150 милиони евра, а задржа некои од највредните фудбалери

Со продажбата на Мохамед Симакан во Ал-Наср за 42 милиони евра германскиот Лајпциг доби дополнителен приход во одлично одработениот преоден рок во кој бележи профит од 61 милион евра.

Симакан кој е 29 годишен стопер со Ал Наср потпиша договор до 2029 година и во Лајпциг пристигна од Стразбур пред три години за 15 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лајпциг вложи 44 милиони евра актуелниот тим, а заработи 105 милиони евра со продажбата на Дани Олмо во Барселона, Анхелињо во Рома и Симакан во Ал Наср.

Ако се смета од летото 2022 година Лајпциг во две календарски години остварил добивка од 142.7 милиони евра само од продажбата на фудбалери. Тука не се сметаат спознорите, ТВ правата, бонусите од УЕФА и Бундеслигата, продажбата на влезници…

Во тој период клубот го напуштија меѓу другите: Тајлер Адамс, Хи-Чан Хванг, Брајан Броби, Норди Мукиеле, Адемола Лукман, Јошко Гвардиол, Доминик Шобошлаи, Кристофер Нкунку и Александар Сорлот

Исто така треба да се каже дека во соблекувалната, Лајпциг има играчи како: Опенда, Бенџамин Шешко, Лукебе и Ел Чадли Битшабу од кои може дополнително одлично да заработи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал по „рецептот“ на Одегард купува уште еден фудбалер од Реал Мадрид?

Eкипата на Арсенал ќе се обиде да реализира уште еден трансфер од Реал Мадрид кој потсетув…