Дома Тикет на денот Тикет на денот (четврток, 05.01.2023)

Тикет на денот (четврток, 05.01.2023)

tiket na denot

Денес имаме нешто послаба понуда во однос на претходните денови, но сепак ние максимално се потрудивме да издвоиме супер дабл и да ви го претставиме во форма на тикет на денот.

Трабзон – Гиресунспор – 1&2+ @ 1.80 во Mozzart

Актуелниот шампион на Турција е далеку од врвот на табелата и не изгледа дека може да ја одбранат титулата. Сепак, додека се игра постојат и шанси, па предноста од 9 бода не е толку сигурна која ја имаат Фенер и Галата. Трабзон може да се носи со големите екипи од Турција и тоа го докажаа во првиот натпревар после паузата каде што го победија Фенербахче со 2-0. Гиресунспор моментално се поблиску до долниот дел од табелата отколку до средината, а од зоната за елиминација ги дели само еден бод. Во минатата сезона, Трабзон не успеа да го победи Гиресунспор, но сега мора да го направи тоа. Типуваме 1&2+ со квота 1.80 во Mozzart.

Санта Клара – Брага – 2&3+ @ 2.65 во Bet365


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во првиот натпревар од 15-то коло на португалската Примера, Брага гостува на Азорските Острови. Првенството е продолжено пред седум дена, а Брага изигра фантастичен натпревар и ја победи Бенфика која е лидер на табелата. За тоа време, Санта Клара беа поразени од Жил Висен со минимален резултат. Со тоа, Санта Клара ја прекина серијата од четири натпревари без пораз во првенството. Овде очекуваме гостите да победат, а притоа да се постигнат и најмалку три погодоци. Наш предлог е 2&3+ со квота 2.65 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.77

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 12.12.2024)

Со оглед дека се играат натпревари во Лига Европа и конференциската лига, понудата е фанта…