Тетекс повторно ќе биде второлигаш, откако екипата од Тетово направи фузија со Лабуништа и така ја искористи шансата да избега од Третата лига.
Клубот на стартот ќе игра со името Лабуништа 2011 Тетово до крајот на првиот дел од сезоната, а потоа ќе се преименува во Тетекс 1953.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тетекс на таков начин ќе дојде во можност да избори враќање во Првата македонска лига, каде што би можел да игра во сезоната 2021/22.
Екипата од Тетово досега двапати го освои македонскот Куп, но не можеше да се соочи со тешката судбина како на останатите македонски екипи и тргна кон дното поради многу финансиски проблеми. Сепак, постои надеж во таборот на Тетовци дека конечно ќе се вратат во Првата лига.