Maкедонија вчера ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.
После 10 одиграни кола ќе бидат познати претставниците од Европа на Мундијалот во Катар. Ние ќе играме во група со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Квалификациите ќе се одиграат од март до ноември 2021 година.
Прво коло: 24-25 март 2021 година
Второ коло: 27–28 март 2021 година
Трето коло: 30–31 март 2021 година
Четврто коло: 2 септември 2021 година
Петто коло: 5 септември 2021 година
Шесто коло: 7-8 септември 2021 година
Седмо коло: 9 октомври 2021 година
Осмо коло: 11-12 октомври 2021 година
Деветто коло: 13 ноември 2021 година
Десетто коло: 14–16 ноември 2021 година
Бидејќи само првопласираниот оди директно на Мундијалот, од нашата група апсолутен фаворит е Германија, но секако дека не сме без шанси за тоа второ место кое води во баражот.