ММА тепачите често се доста брутални во своите борби во октагонот. Понекогаш е навистина мачно и брутално да се гледа како се задаваат нокаути, но кога еден „фајтер“ ќе нокаутира една од убавиците кои ги најавуваат рундите во борбата, тоа е веќе неубава глетка.
А токму тоа се случи на ММА настанот Titan FC 42. Фархад Шапиров во рингот беше посилен и поконкретен од Ендру Витни, па судиите со едногласна одлука донесоа победничка пресуда во негова корист за серија од четири победи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Но, откако Шарипов беше прогласен за победник, Витни исфрустрирано замавна со десната рака и ја погоди несреќната убавица од рингот право во глава. Со младата дама е сè во ред, но глетката воопшто не беше пријатна.