Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Фудбалерите се на моја страна, медиумите лажат

Тен Хаг: Фудбалерите се на моја страна, медиумите лажат

Атмосферата во Манчестер Јунајтед не е на завидно ниво после лошите резултати, а клубот денес им се намути на новиварите.

Медиумите кои пренесоа дека менаџерот Ерик Тен Хаг почнува да ја губи довербата во соблекувалната денес не беа повикани на пресконференција. Притоа, тренерот ги демантираше таквите тврдења на медиумите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Секогаш ги слушам моите играчи и секогаш им давам можности да кажат, доколку играчите имаат поинакво мислење секако дека ќе слушам. Ама ми немаат кажано, можеби еден или двајца. Ама генерално се работи за мнозинството, тие сакаат да играат вака- проактивно, динамично, храбро, тоа е она што го сакаат“.

„Фудбалерите се на моја страна. Приказните во медиумите се лага. Не постои хаос во соблекувалната. Играчите не ми го свртеле грбот. Секогаш постојат фудбалери кои не се среќни премногу зашто не добиваат минутажа, но тоа е нормално“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…