Манчестер Јунајтед вчера по двата порази од Брајтон и Брентфорд во Премиер лигата го запиша првиот триумф и тоа против најголемиот ривал Ливерпул.
Јунајтед славеше со 2:1, а тимот изгледаше навистина добро на теренот. За овој натпревар Тен Хаг се реши на клупата да ги остави Кристијано Роналдо и Хари Мегваер и според резултатот тоа се покажа како добра одлуката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме 50-60 натпревари во сезоната, играчите ќе ги бирам од натпревар во натпревар. Немам потреба да им објаснувам на Роналдо и Мегваер зошто не играат. Имаме навистина одличен тим“, изјави Тен Хаг.
Роналдо во вчерашниот натпревар доби минути во финишот од натпреварот додека Мегваер остана на клупата.