Ерик Тен Хаг под негово водство гледа како напредуваат неколку фудбалери од првиот тим, а посебно се истакнува Маркус Рашфорд кој игра во одлична форма.
Рашфорд по враќањето од Мундијалот игра со голема самодоверба и прави разлика на секој натпревар кој игра. Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година и во Јунајтед не сакаат да се доведат во ситуација да чекаат до последен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот стратег има јасна цел и затоа извршил притисок на раководството Рашфорд да добие нов договор. Исто така тој смета дека Манчестер Јунајтред е најдоброто место за него.
„Манчестер Јунајтед е негов клуб и мислам дека и тој го сфаќа тоа. Сметам дека го игра најдобриот фудбал поради опкружувањето кое го има во Јунајтед.
Исто така убеден сум дека ова е најдоброто место за него, нема да најде подобро. Го велам ова затоа што сакаме да стане најдобар тим, прво во Англија, потоа во Европа, па на крајот и во светот“, порача Тен хаг.