Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тенх Хаг за првпат зборуваше за медиумите после контроверзиите со Кристијано пред почетокот на Светското првенство.
Роналдо после интервјуто кај Пирс Морган го раскина договорот со Манчестер Јунајтед на шест месеци пред истекот. Португалецот се врати на „Олд Трафорд“ после 12 години, очекувањата беа големи, но сепак не се прослави во овој втор мандат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите за првпат сега добија прилика да го прашаат Тен Хаг за Роналдо, а холандскиот стратег не сакаше премногу да зборува за Португалецот.
„Пред нас е трансфер периодот, Роналдо замина. Како ќе ја решите таа ситуација?“, гласеше прашањето на новинарот.
„Роналдо си замина и таа приказна заврши. Тоа е минато, ние гледаме напред кон иднината“, изјави Тен Хаг.