Дома Луд Спорт Тензија во Оклахома: За малку тепачка помеѓу Кари и Весбрук (видео)

Тензија во Оклахома: За малку тепачка помеѓу Кари и Весбрук (видео)

Ноќ за паметење во НБА лигата, посебно одбрележана од дуелот помеѓу моментално двата најлути непријатели во САД – Оклахома и Голден Стејт.

Откако им го „дрпнаа“ Кевин Дјурант, „Громовите“ од Оклахома не можеа да ги смислат „Воините“, што јасно уште еднаш се покажа на терен. Така, во финишот од првото полувреме за малку не дојде до сериозен инцидент кога се случи физички контакт помеѓу неколку спротивставени кошаркари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сè започна со туркање на Кристон и Стиф Кари, за потоа во тоа да се вмеша Расел Вестбрук, кој се насрчи на плејмејкерот од „Воините“ и гужвата беше неизбежна. За среќа, немаше удари, а сè заврши на „докажување машкост“ со туркање, но тоа сепак беше потенцијал за ситуацијата да ескалира во нешто подраматично.

Голден Стејт славеше со резултат од 111:95 и ја впиша 55-та победа во сезоната, со што ја задржа предноста од три победи во однос на Сан Антонио Спарс, со кои бијат битка за првото место во Западот. Гостите натпреварот го решија во вториот дел, во кој Оклахома ја сведоа на само 17 поени, постигнувајќи 34, така што последните 12 минути можеа да си дозволат луксуз да ја изгубат таа четвртина со дури десет разлика и да не си ја загрозат победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Конор Мекгрегор осуден за силување

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за сексуален напад …