Дома Фудбал Останато Температура од -18 степени одложува два натпревари од Лигата на Европа?

Температура од -18 степени одложува два натпревари од Лигата на Европа?

fans cska

УЕФА размислува да го одложи натпреварот помеѓу ЦСКА и Црвена Звезда.

Како што пренесуваат руските медиуми, УЕФА би можела да ја промени датата на одигрување на натпреварот од 1/16 финалето во Лигата на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите на денот на натпреварот се очекува температурата во Москва да падне на -18 степени.

УЕФА потенцираше дека го следи времето во Русија. УЕФА нема одредено која е најниската температура на која може да се одигра еден натпревар, но медицинскиот совет е да не се игра кога температурата ќе падне на -15.

Останува да се види дали претставниците на рускиот и србскиот клуб во договор со УЕФА ќе успеат да пронајдат некој друг термин. Меѓутоа прашае е кога времето во Москва ќе биде поволно за игра во овој период од годината.

 

Поради истите причини би можел да биде одложен и натпреварот помеѓу Локомотив и Ница.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…