Најскапиот фудбалер на светот и прва ѕвезда на ПСЖ, Нејмар нема да биде во можност да му помогне на тимот во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони.
Нејмар го повреди десното стапало на дуелот со Стразбур во францускиот Лига куп, а загрижувачките прогнози се остварија и Бразилецот нема да биде дел од тимот следниве три недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа значи дека Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар против Манчестер Јунајтед кој се игра на 12 февруари на „Олд Трафорд“, додека реваншот во Париз на 6 март се верува дека ќе биде подготвен.
Во пресрет на ждрепката направена на почетокот од декември месец минатата година ПСЖ беше изразит фаворит, но „црвените ѓаволи“ драстично ја подобрија формата после тренерската смена, па сигурно не очекува неизвесен двомеч.