Дома Фудбал Италија Тежок удар за Милан: Познато колку ќе паузира Биглиа!

Тежок удар за Милан: Познато колку ќе паузира Биглиа!

Играчот за врска на Милан, Лукас Биглија денес беше опериран и ќе отсуствува од терените во наредните четири месеци.

Биглиа заработи повреда на глуждот минатата недела, а првичните предвидувања беа дека ќе биде надвор од терените само два месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Аргентинецот мораше да оди на операција, па периодот на рехабилитација ќе биде најмалку 4 месеци, пренесуваат италијанските медиуми.

Ова е тежок удар за Милан бидејќи Биглиа е еден од најважните играчи во тимот на Гатузо и нема адекватна замена за него.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ со сигурност ќе донесат негова замена во зимскиот преоден рок, а првото име на списокот е Леандро Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА го казни Реал Мадрид, позната и причината

Реал Мадрид се соочи со нови санкции од УЕФА по последното коло на Лигата на шампионите. К…