Репрезентацијата на Македонија со висок пораз го отвори Светското првенство во Египет.
Рамноправен противник на Шведска вечерва бевме само во почетните моменти, а потоа Шведска од моментите кога имаше 2-3 разлика почна да се одлепува и да создава голема предност. На полувреме Шведска замина со највисоки +5 (16:11)
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Второто полувреме беше само рутина. Брестовац им даваше шанса на оние кои се очекува да немаат премногу минутажа и ги чуваше силите за наредните два натпревари во кои ќе играме против Египет и Чиле. На крајот конечниот резултат гласеше 32:20. Она што најмногу недостасуваше кај нас во овој дуел е играта во одбрана каде што бевме најслаби.
Следниот натпревар Македонија го игра против Египет во сабота од 18:00 часот.