Дома Фудбал Останато Тевез: Јас со парите од Кина купив 15 куќи и издржувам 60 луѓе

Тевез: Јас со парите од Кина купив 15 куќи и издржувам 60 луѓе

Карлос Тевез застана во одбрана на фудбалерите кои се решија да ги прифатат богатите понуди и да се преселат во Саудиска Арабија.

Своевремено Тевез беше една од првите фудбалски ѕвезди која се пресели во Кина каде заработуваше огромна сума на пари.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


„Многу луѓе ме критикуваа што одам во Кина. Но, тие навистина не ја знаат мојата приказна. Дп таа фаза од мојата кариера веќе имав заработено многу пари. Но, му кажав на мојот агент дека не ми требаат пари, туку само сакав да купам 15 куќи и да го извлечам моето семејство од Фуерте Апаче“, открива Тевез.

Купив петнаесет куќи и издржував шеесет луѓе. Тоа не можете да го направите без пари. Сите ме критикуваа, но никој не знаеше за моите проблеми. Сакав по секоја цена да го извлечам моето семејство од опасната населба „Фуерте Апаче“. Не сакав да гледам како дел од нив стануваат криминалци, или не дај Боже, да завршат во затвор. Тие делови од Аргентина не беа сјајни и луѓето живееја со големи проблеми. Криминалот цветаше и немаше да дозволам никој од моите блиски да влезе во тој свет“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не е само пласманот во четвртфиналето: Де Ла Фуенте испиша историја со победата над Грузија

Репрезентацијата на Шпанија вчера со победа од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Европ…