Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез наскоро би можел да ја напушти Кина, иако таму заработува вистинско богатство.
Тевез пристигна во редовите на Шангај Шехуа од Бока Јуниорс и стана најлатен фудбалер на светот со годишна плата од 40 милиони долари, но очигледно парите не го прават среќен.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Денес медиумите пренесуваат дека Тевез е решен да се откаже од богатството и да ја напушти Кина после само половина година.
Аргентинецот на 13 настапи постигна само два гола, па очигледно е дека не му одговара фудбалот во Кина.
Сеуште не е јасно каде Тевез ќе ја продолжи кариерата, најверојатно во родната Аргентина. Сепак, сигурно е дека ќе заработува многу помалку пари.