Легендарниот Аргентинец Карлос Тевез ќе остане во Бока Јуниорс уште пола година бидејќи сака да биде дел од завршната борба во Копа Либертадорес.
Освен тоа Тевез ја воодушеви јавноста со тоа што реши да игра без пари, односно платата да ја проследи во хуманитарни цели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Парите од договорот ќе ги донирам во хуманитарни цели како и бонусите ако ги има. На некој тие пари се многу повеќе потребни“, изјави 36 годишниот Тевез.
Одличниот напаѓач во Бока се врати во јануари 2018 година. Пред тоа настапуваше во Кина за Шангај, а во текот на кариерата играше уште за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.
Во дресот на репрезентацијата на Аргентина одигра 76 натпревари и постигна 13 голови.