Дома Останати Тврди дека борбата на Флојд и Насукава била наместена: Подобра глума сум видел само во филмовите за возрасни

Тврди дека борбата на Флојд и Насукава била наместена: Подобра глума сум видел само во филмовите за возрасни

nasukawa meyeather

Флојд Мејведер за само две минути заработи девет милиони долари откако во Јапонија во егзибиционата борба го разби младиот кик-боксер Теншин Насукава.

Легендата на светскиот бокс три пати го рушеше 20 годишниот Јапонец во рингот, за после третиот пат да биде фрлен пешкир кој означи крај на борбата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Многумина се убедени дека од „Ризин“ ја наместиле оваа борба, а такво мислење има и поранешниот борец Брендан Шауб.

„Флојд е најголемиот бизнисмен во светот на боречкиот спорт, но од оваа подобра глума сум видел само во филмовите за возрасни. Меѓутоа на Тешина му се потребни лекции, како да прими удар, како да падне…Дури ни кдарот додека плаче не беше добар. Се беше лажно, но на кого му е гајле си заработи девет милиони долари“, изјави Шауб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…