Дома Фудбал Италија Татко на играч на Џенова беснеел во тренинг кампот на Рома, искршил пет автомобили

Татко на играч на Џенова беснеел во тренинг кампот на Рома, искршил пет автомобили

Бизарен инцидент се случил во понеденикот вечерта во тренинг центарот на Рома во Тригорија.

Емилијано Скамака кој е татко на фудбалерот на Џенова, Џанлука насилно влегол во кампот на „римската волчица“ со својот автомобил. Тој бил вооружен со железна шипка, ги искршил прозорите на пет автомобили, некои од нив биле и на управата на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите Емилијано бил во дрес на Сасуоло и го барал директорот на Рома Бруно Конти затоа што наводно му должел пари. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го уапсила.

Неговиот син, Џанлука кој сезонава солидно игра за Џенова како позајмен играч од Сасуоло даде изјава за инцидентот.

„Потресен сум од ова што се случи, не знам како можам да објаснам. Тешко ми е да зборувам, но очигледно морам. Татко ми не живее со мојата мајка долго време, не се разведени затоа што никогаш и не беа венчани. Израснав со мајка ми и сестра ми, тие се моето семејство, со татко ми немам некој посебен однос и ретко се гледаме. Тоа е тема на која не сакам да зборувам јавно. Тој нема никаква врска со мојата кариера, посебно не во последните години навистина сум потресен и разочаран од овој инцидент. Не знам што повеќе да кажам“, изјави Џанлука Скамака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…