Дома Останати Тенис Таткото на Ѓоковиќ до Федерер: Човеку имаш 40 години, оди чувај деца, скијај…

Таткото на Ѓоковиќ до Федерер: Човеку имаш 40 години, оди чувај деца, скијај…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ гостуваше во емисија на „Спорт Клуб“ и во таа прилика зборуваше за кариерата на својот син со посебен акцент во еден момент на ривалството со Роџер Федерер.

Тој не штедеше критики за Роџер и искрено кажа што мисли за него. Таткото на Ѓоковиќ смета дека Федерер уште игра тенис само поради Надал и неговиот син. Според него Швајцарецот од поодамна требало да биде во пензија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дедерер и понатаму е најдобар и најуспешен тенисер во светот. Тоа е факт по резултатите, но нема да остане така уште долго. Што мислите зошто Роџер игра и на 40 години? Замислите тој човек од 40 години уште игра тенис кога може да оди дома и да се занимава со некои други работи. Но, бидејќи Новак и Надал му дишат во врат едноставно не може да прифати дека ќе бидат подобри од него. Оди човеку чувај деца, скијај, прави нешто…Тенисот не е цел живот, тоа е само нешто моментално“, изјави Срѓан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Чудна ситуација: Ѓоковиќ денеска трча во Црна Гора, а утре треба да игра во Њујорк (Фото)

Навистина необична состојба. Новак Ѓоковиќ утре треба да го одигра својот прв натпревар во…