Дома Фудбал Останато Таткото на Нејмар: Фановите на ПСЖ можат да спијат мирно!

Таткото на Нејмар: Фановите на ПСЖ можат да спијат мирно!

Иднината на Нејмар веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми.

Најскапиот фудбалер на светот се поврзува со враќање во Шпанија, најпрво се Барселона, а сега актуелен е неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпекулациите станаа поинтензивни по испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампиони, но неговиот татко ги запре сите шпекулации со неговата најнова изјава.

„Фановите може да спијат мирно. Нејмар нема да си замине, не сака да го напушти Пари Сен Жермен затоа што сака да направи разлика на теренот и сака да му помогне на ПСЖ да стигне до важни титули. Трансфер шпекулациите секогаш се дел од фудбалскиот свет, но точно е дека има клубови кои го посакуваат и сонуваат за Нејмар“, изјави Нејмар Сениор.

Нејмар се врати на тренинзите на ПСЖ по повредата на стапалото и се надева дека ќе биде подготвен за настап во финалето на Купот на Франција на 27 април.

Исто така раководството на „светците“ во неколку наврати истакна дека Нејмар не е на продажба и сигурно ќе остане во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незадоволената ѕвезда заминува од Лондон: Челзи останува без еден од најдобрите

Енцо Фернандез, еден од водечките играчи на актуелниот тим на Челзи, размислува за својата…