Дома Фудбал Останато Таткото на Нејмар бесен: До кога ќе се случуваат вакви работи?!

Таткото на Нејмар бесен: До кога ќе се случуваат вакви работи?!

Taткото на Нејмар се разулти после повредата на неговиот син во дербито против Лион во француското првенство.

Длабоко во судиското продолжение ПСЖ бараше гол за изедначување. Нејмар тргна во продор, а тогаш Мендес со остар старт го сруши на земја. На снимката може да се види дека оди на топка, но искусен играч мора да знае дека ваков старт е опасен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стартот над Нејмар погледнете го – тука.

„По ѓаволите, до кога ова ќе се случува!? Веќе долго време зборувам за вакви работи и за вакво насилство. Зошто веднаш не се прекине на првиот фаул, туку на седмиот или осмиот? Дали ВАР ни е потребен за да сфатиме што е насилен прекршок? Ни требаат ли повреди за судијата да носи правилни одлуки? Вака и фудбалот губи, колку долго играчите како Нејмар ќе бидат жртви на вакви ситуации“, порача таткото на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот тренер на Ливерпул остана без клуб!

Фудбалскиот стратег од Северна Ирска, Брендан Роџерс (52), го напушти своето место како тр…