Во последно време се повеќе се шпекулира за иднината на Гонзало Игуаин и можноста да го напушти Јувентус.
Пред неколку дена „Скај Италија“ објави дека Игуаин одбива да се врати во Италија и сака да остане во Аргентина покрај болната мајка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес неговиот татко Хорхе категорично ги демантираше таквите тврдења и истакна дека Игуаин ќе остане во Јувентус до крајот на договорот.
„Се што е кажано во медиумите не е вистина. Можам да ви кажам дека Гонзало ќе остане во Јувентус до крајот на договорот. После тоа ќе одлучи што понатаму. Тој сам ќе одлучува за својата иднина“, изјави Хорхе.
Игуаин има договор со „старата дама“ до 2021 година, а оваа сезона игра важна улога во тимот и одигра 34 меча на кои постигна 8 гола и запиша 8 асистенции.