Дома Македонски спорт Тасевски: Во Македонија повеќе го нема ентузијазмот како пред Европското првенство

Тасевски: Во Македонија повеќе го нема ентузијазмот како пред Европското првенство

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски кој е член на Славија од Бугарија за медиумите во оваа земја даде свое видување за натпреварот вечерва.

Според Тасевски поразот на македонската репрезентација од Грузија во минатото коло бил очекуван, а смета и дека кај нас е паднат ентузијазмот во однос на периодот кога Македонија играше на Европското првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Им честитам на бугарските фудбалери за победата против Гибралтар, голем дел од нив ги познавам. Одиграа добро. Поразот на Македонија до некаде беше и очекуван.

Тимот во целион има благ пад од оној од пред година-две. Ентузијазмот кој го имаа пред Европското првенство пвоеќе го нема, а голем дел од фудбалерите не играат редовно во клубовите и тоа влијае на нивната игра во репрезентацијата“, смета Тасевски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија се игра вечерва од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …