Младиот репрезентативец на Македонија, Марио Танкоски пред два дена и официјално стана нов играч на битолски Еурофарм Пелистер.
Танкоски важи за преспективен ракометар, а самиот потенцираше дека доаѓа во клуб кој се гради за да биде шампион на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доаѓам во сериозен клуб и нашите амбиции се бидеме шампион на Македонија и да игра на високо ниво и во Европа. Еурофарм Пелистер е добро организиран клуб. Ќе имам можност да работам со одличен тренер и сметам дека овој трансфер е чекор напред во мојата кариера Верувам дека ќе се состави еден силен и компактен тим, добар кој ќе конкурира во Европа и во СЕХА лига“, изјави Танкоски за официјалниот сајт на Еурофарм Пелистер.
Во Еурофарм тој дојде од Металург, додека со Македонија настапи на последното Европско првенство.