Пред почетокот на новата сезона Вардар ќе го игра традиционалниот Меѓународен турнир во Струга.
Актуелниот шампион на Македонија пристигнува во една поинаква ситуација во која поради забраната за настап во Лигата на шампионите некои играчи си заминаа. Вардарци сигурно сега се максимално фокусирани на сите натпреварувања на домашната сцена и посакуваат трофеј во Струга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарот на Вардар, Филип Талески очекува одличен турнир со добар ракомет за публиката.
„Напорно работевме во изминатите две недели. Откако го минавме физичкиот дел, сега сме насочени кон воигрување и подготвување на тактика. Не чека турнирот во Струга, знаеме за каков турнир станува збор, за тоа го говори и јубулејот кој го прославува, 50 години од своето постоење. Ќе биде убав турнир и оваа година, со квалитетни екипи, најважно ќе понуди убав ракомет. Сите што го сакаат ракометот и спортот воопшто ги поканувам да дојдат на градската плажа да бидат дел од турнирот.
Отвараме со Алкалоид, млада и перспективна, составена од репрезентативци кои настапуваа на Медитеранските игри каде покажаа квалитет. Мора да бидеме максимално фокусирани, играме со Бутел кој е добро познат противник, а тука е Целје. За нас Струга ќе биде тест за она што не очекува во новата сезона“, изјави Талески.